МКФ
Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) е рамка за организирање и документирање на информациите за функционирање и попреченост. Тоа претставува стандарден јазик за дефинирање и мерење на попреченоста. Според МКФ, функционирањето претставува динамична интеракција помеѓу здравствената состојба на лицето, факторите на опкружувањето и личните фактори. Притоа, се прифаќа улогата која ја има опкружувањето врз создавањето и влошувањето на влијанијата од попреченоста, како и улогата на здравствената состојба.
Гостување во емисијата Магазин
За потребите на пилотирањето, се формираа едно национално и две регионални
стручни тела со седиште во Скопје, кои вршат проценка на децата од сите градови на државата.
По завршување на пилотирањето на 26.12.2020 година во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје се формираше Служба за функционална проценка на деца и млади во чиј состав функционираат 9 стручни тима за функционална проценка на деца и млади и еден стручен тим за координација.
На 17.01.2023 година е усвоен нов Правилник за функционална проценка (службен весник на РСМ бр.9 од 17.1.2023 година) врз основа на кој работат стручните тимови за функционална проценка. Формирани се следните стручни тимови:
Стручen тим Скопје-1 врши функционална проценка на деца и млади кои живеат во општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродорм, Сопиште, Студеничани и Зелениково а истиот се наоѓа на ул.Васил Ѓоргов бр.25, населба Капиштец со телефон за контакт 02-6149923 и
е-маил: mkf.skopje1@gmail.com
Стручен тим Скопје-2 врши функционална проценка на деца и млади кои живеат во општините: Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај, Арачиново, Чучер-Сандево, Илинден и Петровец а истиот се наоѓа на ул. Крсте Петков Мисирков бр.28, (Поликлиника Битпазар) со телефон за контакт 02/6149847 и
е-маил: dvaskopje@gmail.com
Стручен тим Струмица врши функционална проценка на деца и млади од југоисточниот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Гоце Делчев бр.54-а, Струмица, со телефон за контакт 076 375 336 и е-маил: mkf.strumica@gmail.com
Стручен тим Битола врши функционална проценка на деца и млади од пелагонискиот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Младински бригади бр.2, Битола, со телефон за контакт 076 375 338 и е-маил: mkf.bitola@gmail.com
Стручен тим Охрид врши функционална проценка на деца и млади од југозападниот плански регион и истиот се наоѓа на ул.. Димитар Влахов бр.52 Охрид, со телефон за контакт 076-437902 и е-маил: mkf.ohrid@gmail.com
Стручен тим Гостивар врши функционална проценка на деца и млади од полошкиот плански регион и истиот се наоѓа на ул. ЈНА бр.371-Гостивар, со телефон за контакт 076 427 242 и е-маил: mkf.gostivar@gmail.com
Стручен тим Куманово врши функционална проценка на деца и млади од североисточниот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Браќа Филиповиќ бр.17,
Куманово, со телефон за контакт 076 375 334 и е-маил: mkf.kumanovo@gmail.com
Стручен тим Велес врши функционална проценка на деца и млади од вардарскиот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Шефки Сали бр.5, Велес (ЈЗУ Здравствен дом-Велес), со телефон за контакт 076 375 343 и е-маил: mkf.veles@gmail.com
Стручниот тим за функционална проценка за источниот плански регион со седиште во Штип сеуште не е формиран. Родителите кои живеат во општините од овој плански регион и имаат потреба за функционална проценка на своите деца истата можат да ја закажат на е-маил: mkf.stip@gmail.com или да се јават на телефонскиот број 02- 6149923
Работното време на Центрите за функционална проценка е од 7.30 до 15.30 часот од понеделник до петок.
Медиа
Што е МКФ?
Покрај тоа, со МКФ се прифаќа дека дефинирањето на попреченоста не е „црно-бело”, туку „способноста“ и „попреченоста“ може да се гледаат на едно скалило на различни нивоа, и дефиниции. Секој припаѓа некаде на тоа скалило, и состојбата на секого може да биде засегната од попреченоста да се направи нешто во одредена фаза од животот, не само преку влијанијата врз здравјето и добросостојбата, туку и од средината во која се живее, и можностите кои стојат на располагање за развој. Тоа е важно за сите луѓе, но се чини дека е од најголема важност за децата.
МКФ ни пружа нов поглед кон луѓето со попреченост – поглед фокусиран на она што луѓето можат
да го направат, наспроти само на бариерите на попреченоста. МКФ овозможува разбирање на она
што една личност може да го направи - и за што може да и се помогне да го направи подобро.
Со МКФ се појаснува дека способноста и попреченоста не може да се дефинираат само по пат на медицинска дијагноза. Наспроти тоа, постојат голем број на фактори кои придонесуваат за способноста или неспособноста на лицето да направи нешто што сака или треба да направи. На пример, доколку лицето не може да пешачи или оди на работа, истото може да е поврзано со одреден број на различни здравствени состојби, или ограничувачки фактори во опкружувањето. Преку префрлање на фокусот од здравствената состојба на функционирањето, со МКФ сите луѓе се гледаат на иста основа, овозможувајќи нивните капацитети и потенцијали да се споредуваат,
и тоа во однос на сродното функционирање, преку една заедничка рамка – и притоа на крајот добиваат поддршка.
- Да, МКФ дава дефиниции за функционирањето и попреченоста. Сепак, МКФ не диктира кој е „нормален“ а кој има „попреченост“. Користејќи ја МКФ едно лице може да има „попреченост“ низ различни нивоа и разни полиња, но, ваквата индивидуална назнака може да се менува низ времето.