Одржан првиот состанок на комисијата за избор на
станбени единици за живеење со поддршка по проектот
“Заедно за повеќе можности и поддршка- ТИМОР”
На ден 16.03.2021 се одржа првиот состанок на комисијата за избор на станбените единици мапирани од страна на ангажираната фирма по проектот ТИМОР. Членови на комисијата се престставници од ко-апликантите и лид апликантот по проектот, ЦеПроСАРД, ССЕР, СЗ Демир Капија, ангажираната организација Монтесори, како и Вардарскиот Плански Регион и Скопскиот Плански Регион.
На состанокот беа разгледани сите мапирани објекти презентирани од страна на ангажираната организација, и организациит одговорни за имплементација на активноста Селектирање на станбени единици за живеење со поддршка. Од Вардарсиот Плански Регион беше побарана поголема соработка и помош во изнаоѓање на повеќе провајдери за спроведување на услугата живеење со поддршка во станбени единици, преку директна соработка со општините.
Во првата фаза на спорведување на активноста за реконструкција и опремување на станбени единици за поддржано живеење се избрани 4 објекти во општина Демир Капија и Неготино, за кои провајдер по завршување на проектот ќе биде СЗ Демир Капија.
Во јануари 2020 година започнавмe со имплементација на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР. Времетраењето на проектот е 36 месеци.
View the embedded image gallery online at:
https://sojuzser.org/index/index.php/mk/activities/projects/current-projects/item/140-timor-2021-stanbeniedinici#sigProId35d47fd116 |
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија