ОБУКА ЗА СЕНЗОРНА ИНТЕГРАЦИЈА ПРЕМА AYRES ®
ПЕДАГОГИЈА/ SIAT® ЗА СТРУЧНИ ЛИЦА ВО ВОСПИТНО
ОБРАЗОВНАТА И РАЗВОЈНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

 

Оваа објава содржи детали за обуката по Сензорна интеграција во траење од 3 последователни модули кои вклучуваат активно реализирање на 126 ефективни единици во тек на ПЕТНАЕСЕТ работни дена, а кои ќе се одржуваат во организација
на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ.

Првиот модул е од отворен тип на кој е добродојдено учеството на повеќе стручни профили како окупациони терапевти, дефектолози, логопеди, психолози, воспитувачи, наставници, и родители. Истиот има за цел да ги прикаже целите и перспективите на применетата Сензорна интеграција. Овој модул е практично орИентиран, а во исто време базиран на изворни и актуелни истражувања од страна на Ајрес Сензорна интеграција.

Вториот модул е наменет за окупациони терапевти, дефектолози, логопеди, психолози и наставници. Во тек на негова реализација стекнатите знаења од првиот модул ќе бидат применети во принципи за практична работа. Во тек на вториот модул практичните приниципи ќе се применат во конкретни работни услови и ќе се прилагодат за работа согласно професионалното искуство на учесниците.

Третиот модул се одржува на временска дистанца по првите два модула. Причина за истото е стекнување на практични искуства од применетите СИ принципи на учесниците, како и стекнување капацитети за заедничка работа по принципот „анализа на случај“ во тек на овој модул.

 

    Прочитај повеќе - Програма за обука за Сензорна интеграција
     
    Превземи - Формулар за пријавување учество на обука за Сензорна интеграција

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија