МКФ

Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) е рамка за организирање и документирање на информациите за функционирање и попреченост. Тоа претставува стандарден јазик за дефинирање и мерење на попреченоста. Според МКФ, функционирањето претставува динамична интеракција помеѓу здравствената состојба на лицето, факторите на опкружувањето и личните фактори. Притоа, се прифаќа улогата која ја има опкружувањето врз создавањето и влошувањето на влијанијата од попреченоста, како и улогата на здравствената состојба.

Во периодот од 11.05. до 11.06 2021 година се спроведува обука за функционална процена заснована на МКФ за стручни лица од Југоисточниот регион

Во Република Северна Македонија во периодот од 01.04.2019 година до 31.03.2020 година се спроведува пилотирање на новиот модел на проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и младинци со попреченост. Моделот е базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ), како светски стандард за класификација, одобрена од страна на Светската Здравствена Организација во 2001 година.
За потребите на пилотирањето, се формираа едно национално и две регионални стручни тела со седиште во Скопје, кои вршат проценка на децата од сите градови на државата. Во овие пилот тела работат професионалци кои се привремено превземени од здравствени и социјални установи а кои имаат завршено едукација за користење на новиот модел на процена согласно Меѓународната класификација на функционирање. Целиот процес на пилотирање е воден од меѓународен експерт за функционална проценка.

Процесот на пилотирање е координиран од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост при Владата на Р.Северна Македонија, поради потребата од поквалитетна меѓуресорска координација и соработка помеѓу сите засегнати страни во овој процес.
Во овој период, заклучно со 30.12.2019 година беа направени вкупно 356 функционални проценки на деца и младинци од кои 152 проценки во Центрите за функционална проценка, 10 проценки во домашни услови и 194 проценки во училиштата. Во проценката задолжително учествуваат родителите/старателите на детето и тие се повремени членови во стручните тела за проценка. Генерално сите родители изразија задоволство од новиот начин на проценка најмногу поради тоа што проценката се одвива во природни услови, додека детето си игра или учи и поради тоа што тие имаат можност заедно со членовите на стручното тело да ги дефинираат потребите за подршка на нивното дете со цел полесно вклучување во секојдневните животни активности.
Процесот на пилотирање на новиот модел на проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и младинци со исто темпо продолжува и во 2020 година се до конечно системско решавање и имлементација на МКФ во постоечкиот систем.
На 26.12.2020 година во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје се формираше Служба за функционална проценка на деца и млади во чиј состав функционираат два стручни тима за функционална проценка на деца и млади од скопскиот регион и еден стручен тим за координација. Во тек е формирање на стручни тимови во југоисточниот регион со седиште во Струмица, во пелагонискиот регион со седиште во Битола и во полошкиот регион со седиште во Гостивар.

Стручниот тим Скопје-1 врши функционална проценка на деца и млади кои живеат во општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродорм, Сопиште, Студеничани и Зелениково а истиот се наоѓа на ул.Васил Ѓоргов бр.25, населба Капиштец со телефон за контакт 02-6149923 и е-маил: mkf.mkd@yahoo.com

Стручниот тим Скопје-2 врши функционална проценка на деца и млади кои живеат во општините: Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај, Арачиново, Чучер-Сандево, Илинден и Петровец а истиот се наоѓа на ул. Втора Македонска Бригада б.б, населба Бутел со телефон за контакт 02/6149847 и е-маил: mkf.mkd@yahoo.com

Работното време на Центрите за функционална проценка е од 7.30 до 15.30 часот од понеделник до петок.

Се до целосно отварање на центри за функционална проценка во сите статистички плански региони во Република Северна Македонија овие стручни тимови ќе вршат функционална проценка на деца и млади од сите општини на територијата на Р.Северна Македонија
Што е МКФ?

Покрај тоа, со МКФ се прифаќа дека дефинирањето на попреченоста не е „црно-бело”, туку „способноста“ и „попреченоста“ може да се гледаат на едно скалило на различни нивоа, и дефиниции. Секој припаѓа некаде на тоа скалило, и состојбата на секого може да биде засегната од попреченоста да се направи нешто во одредена фаза од животот, не само преку влијанијата врз здравјето и добросостојбата, туку и од средината во која се живее, и можностите кои стојат на располагање за развој. Тоа е важно за сите луѓе, но се чини дека е од најголема важност за децата.

МКФ ни пружа нов поглед кон луѓето со попреченост – поглед фокусиран на она што луѓето можат
да го направат, наспроти само на бариерите на попреченоста. МКФ овозможува разбирање на она
што една личност може да го направи - и за што може да и се помогне да го направи подобро.

Со МКФ се појаснува дека способноста и попреченоста не може да се дефинираат само по пат на медицинска дијагноза. Наспроти тоа, постојат голем број на фактори кои придонесуваат за способноста или неспособноста на лицето да направи нешто што сака или треба да направи. На пример, доколку лицето не може да пешачи или оди на работа, истото може да е поврзано со одреден број на различни здравствени состојби, или ограничувачки фактори во опкружувањето. Преку префрлање на фокусот од здравствената состојба на функционирањето, со МКФ сите луѓе се гледаат на иста основа, овозможувајќи нивните капацитети и потенцијали да се споредуваат,
и тоа во однос на сродното функционирање, преку една заедничка рамка – и притоа на крајот добиваат поддршка.

Зошто да ја користам МКФ?
Каде можам да ја применам?
Дали МКФ ја дефинира попреченоста?

- Да, МКФ дава дефиниции за функционирањето и попреченоста. Сепак, МКФ не диктира кој е „нормален“ а кој има „попреченост“. Користејќи ја МКФ едно лице може да има „попреченост“ низ различни нивоа и разни полиња, но, ваквата индивидуална назнака може да се менува низ времето.

Дали МКФ ги класифицира луѓето?
Кому се однесува МКФ?

МКФ - Новогодишно Видео