Кои сме ние

Иницијативата за основање на организација во која ќе бидат вклучени стручните лица кои работат на полето на заштита  и рехабилитација на лицата со пречки во развојот, била покрената во педесетите години на XIX век.
Организацијата се основала со спојување на повеќе организации на дефектолози и го носела називот Сојуз на дефектолошки друштва на Република Македонија. Првите иницијатори за основање на организацијата се: Проф. д-р Љупчо Ајдински, Проф. д-р Славко Керамитчиевски, Славчо Андреевски, Величко Андреевски, Мира Величкова и др.
Прв претседател на оваа организација  бил г-дин Славчо Андреевски а потоа г-дин Славко Керамитчиевски. Податоци за Претседателите постојат од 1979 година. Мандатот на секој од Претседателите е прикажан во табелата.

РЕД.БР              ПРЕТСЕДАТЕЛ              МАНДАТ
1. Никола Чабуковски 24.11.1979-06.12.1980
2. Славчо Андреевски 06.12.1980-13.02.1982
3. Исмет Куртагиќ 13.02.1982-14.03.1983
4. Љупчо Пушковски 14.03.1983-19.10.1984
5. Славко Керамитчиевски 19.10.1984-12.06.1989
6. Мира Величкова 12.06.1989-10.02.1995
7. Љупчо Ајдински 10.02.1995-19.10.1999
8. Елизабет Солтирова 19.10.1999-13.09.2004
9. Зоран Киткањ 13.09.2004-11.04.2009
10. Горан Петрушев 11.04.2009 – актуелен


Секој од Претседателите на оваа организација дал свој придонес за реализација на мноштво активности кои се распределуваат во годишни програми. Во рамките на овој историјат ќе бидат истакнати активностите од програмите кои се од особена значајност за поставување на темелите на дефектологијата во Р.Македонија и активностите за унапредување на оваа наука.
Првите обиди за институционална заштита на лицата со пречки во развојот во Република Македонија се јавуваат некаде во педесетите години од XIX век. Во периодот од 1948-1970 година повеќето активности на дефектолозите биле насочени кон отварање на установи за лицата со инвалидност и втемелување на дефектологијата како наука во Република Македонија. Во овој периот во РМ сеуште не се едуцирале дефектолошки кадри, сите идеи и работни активности произлегувале од веќе дипломираните дефектолози во Белград или Загреб.
Во 1991 година, во месец октомври, Сојузот на дефектолози на Р.Македонија изготвил предлог – проект за формирање на високообразовна установа за едукација на дефектолози во РМ, истиот го доставил до Владата на РМ, до Ректоратот на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и до Министерството за образование и физчка култура. Се до овој период во Р.Македонија не биле едуцирани дефектолошки кадри.
Имено во месец декември 1992 година Сојузот поднесува барање до Министерството за образование за стипендирање на последипломски студии за дефектолошки науки, со цел да се зголеми бројот на магистри и доктори по дефектолошки науки кои ќе можат да едуцираат стручни кадри-дефектолози. Во јануари 1995 година Сојузот испраќа барање до Министерството за образование за вработување на дефектолози во училиштата и установите.

Во месец март 1995 година Сојузот поднесува барање до Министерството за образование да се заведе профилот дипломиран специјален педагог за превенција и ресоцијализација за лица со пореметување во општественото однесување.Истата година Сојузот го известува Министерството за образование за определени прашања за образованието на децата и младинците попречени во физичкиот и психичкиот развиток, кој треба посоодветно да се регулира во законските и подзаконските акти.

Во март 1996 година Сојузот започнува проект за организирање на третман на аутистичните деца. Во септември 1996 година Сојузот остварува средба со помошникот министер Илија Рајчановски во врска со вработувањето на специјален педагог за превенција и ресоцијализација како и донесување на одлука за доделување на стипендии за дефектолошки кадри во Р.Македонија. Истата година, во месец ноември Сојузот потпишува договор со УНИЦЕФ за соработка и одржување на Симпозиум за детекција, дијагностика и третман. Како резултата на оваа соработка од 5-ти до 8-ми ноември се одржува Симпозиум во Струга.

Иницијативата за основање на организација во која ќе бидат вклучени стручните лица кои работат на полето на заштита  и рехабилитација на лицата со пречки во развојот, била покрената во педесетите години на XIX век.
Организацијата се основала со спојување на повеќе организации на дефектолози и го носела називот Сојуз на дефектолошки друштва на Република Македонија. Првите иницијатори за основање на организацијата се: Проф. д-р Љупчо Ајдински, Проф. д-р Славко Керамитчиевски, Славчо Андреевски, Величко Андреевски, Мира Величкова и др.
Прв претседател на оваа организација  бил г-дин Славчо Андреевски а потоа г-дин Славко Керамитчиевски. Податоци за Претседателите постојат од 1979 година. Мандатот на секој од Претседателите е прикажан во табелата.

Секој од Претседателите на оваа организација дал свој придонес за реализација на мноштво активности кои се распределуваат во годишни програми. Во рамките на овој историјат ќе бидат истакнати активностите од програмите кои се од особена значајност за поставување на темелите на дефектологијата во Р.Македонија и активностите за унапредување на оваа наука.
Првите обиди за институционална заштита на лицата со пречки во развојот во Република Македонија се јавуваат некаде во педесетите години од XIX век. Во периодот од 1948-1970 година повеќето активности на дефектолозите биле насочени кон отварање на установи за лицата со инвалидност и втемелување на дефектологијата како наука во Република Македонија. Во овој периот во РМ сеуште не се едуцирале дефектолошки кадри, сите идеи и работни активности произлегувале од веќе дипломираните дефектолози во Белград или Загреб.
Во 1991 година, во месец октомври, Сојузот на дефектолози на Р.Македонија изготвил предлог – проект за формирање на високообразовна установа за едукација на дефектолози во РМ, истиот го доставил до Владата на РМ, до Ректоратот на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и до Министерството за образование и физчка култура. Се до овој период во Р.Македонија не биле едуцирани дефектолошки кадри.
Имено во месец декември 1992 година Сојузот поднесува барање до Министерството за образование за стипендирање на последипломски студии за дефектолошки науки, со цел да се зголеми бројот на магистри и доктори по дефектолошки науки кои ќе можат да едуцираат стручни кадри-дефектолози. Во јануари 1995 година Сојузот испраќа барање до Министерството за образование за вработување на дефектолози во училиштата и установите.

Во месец март 1995 година Сојузот поднесува барање до Министерството за образование да се заведе профилот дипломиран специјален педагог за превенција и ресоцијализација за лица со пореметување во општественото однесување.Истата година Сојузот го известува Министерството за образование за определени прашања за образованието на децата и младинците попречени во физичкиот и психичкиот развиток, кој треба посоодветно да се регулира во законските и подзаконските акти.

Во март 1996 година Сојузот започнува проект за организирање на третман на аутистичните деца. Во септември 1996 година Сојузот остварува средба со помошникот министер Илија Рајчановски во врска со вработувањето на специјален педагог за превенција и ресоцијализација како и донесување на одлука за доделување на стипендии за дефектолошки кадри во Р.Македонија. Истата година, во месец ноември Сојузот потпишува договор со УНИЦЕФ за соработка и одржување на Симпозиум за детекција, дијагностика и третман. Како резултата на оваа соработка од 5-ти до 8-ми ноември се одржува Симпозиум во Струга.

Кои сме ние?

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија

Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија е невладино, стручно – професионално и хуманитарно здружение награѓани во кое доброволно се здружуваат специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди, специјални (социјални) педагози и други стручни профили кои работат со лицата со попреченост како и самите лица со попреченост, нивните родители или старатели.

Активностите кои се реализираат од страна на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, се темел за иднината на организацијата која ќе прерасне во провајдер на услуги од страна на стручни лица. Услугите од стручните лица ќе придонесат за успешност во процесот на вклучување на лицата со попреченост во сите сегменти на општественото опкружување.

Мисијата на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија е да изгради капацитети во општеството, преку кои ќе се овозможат еднакви можности за општествено вклучување, пред се на децата со попреченост. Според тоа организационата мисија, на оваа организација се сведува на следнава реченица: "СОЗДАВАМЕ УСЛОВИ ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ".