Заклучоци од Симпозиумот на тема
„Ефектите од реформите на инклузивното образование во
Република Северна Македонија“
Вовед
Во периодот од 11 до 13 ноември 2023 година во Охрид се одржа Симпозиумот на тема „Ефекти од реформите во инклузивното образование во Република Северна Македонија“ во организација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија со поддршка од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост при Владата на Р.С. Македонија.
На Симпозиумот беа презентирани 15 стручни излагања од повикани предавачи од различни институции кои учествувале во реформите во инклузивното образование и истите ги претставија и нивните видувања за наредниот развоен период. Се одржаа три дебати на различни теми од кои произлегоа одредени заклучоци за подобрување на инклузивното образование. На дебатите свое учество земаа учесници од Министерството за образование и наука, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост при Владата на Р.С. Македонија, Бирото за развој на образование, Невладини организации, директори на основни училишта и основни училишта со ресурсен центар, стручни лица (специјални едукатори, наставници, образовни асистенти, психолози, воспитувачи и др.) и родители.
Генерален заклучок е дека процесот на инклузивното образование во Република Северна Македонија се движи во позитивна насока но потребно е постојано следење и унапредување на истото.
Заклучоци за подобрување на инклузивното образование
Предложените заклучоци се класифицирани во три подрачја:
1. Потребни измени на законски и подзаконски акти за подобрување на инклузивното образование во РСМ
1.1.Оценувањето на учениците кои следат настава според ИОП по сите предмети да биде исклучиво описно (измена на член 139 став 1 од Законот за основно образование)
Образложение: описното оценување е соодветно за учениците кои следат настава по ИОП бидејќи на тој начин ќе се олесни преминот од еден во друг степен на образование а наставниците од повисокоит степен ќе добијат адекватни сознанија за функционалните способности на ученикиот врз основа на кои ќе можат поцелисходно да оланираат. Описното оценување ќе ја реши дилемата и проблемите кои произлегуваат при упис во средно образование на тој начин што уписот ќе се реализира врз основа на постигнати минамалини компетенции потребни за одредена струка.
1.2. Учениците со комплексни потреби кои не биле вклучени во настава а се со надмината возраст да се вклучуваат во образование по модифицирана програма со препорака за развоен период од страна на стручните тела за функционална проценка по МКФ, (член 14 од Законот за основно образование)
Образложение: Уписот на ученици со комлексни потреби кои не биле вклучени во образованието не е регулирано со Законот за основно образование па затоа често училиштата се соочуваат со проблем при проверка на знаењето на овие ученици бидејќи немаат соодветни познавања за комплексноста на нивните потреби
1.3. Да се воведе задолжителна професионална ориентација за учениците со попреченост кои учат по ИОП и Модифицирана програма (во член 47 од Законот за основно образование да се додаде нов став 3 ) При уписот во средно образование задолжително да се почитуваатпрепораките од тимовите за професионална ориентација
Образложение: Програмата за професионална ориентација на учениците од осмо и девето одделение од основните училишта не е соодветна за учениците со попреченост. Професионалната ориентација има големо значење за учениците со попреченост па затоа се предлага да се спроведува во осмо и деветто одделение од основното образование со посебна програма која ја донесува Министерот на предлог на Бироото. Со програмата за професионална ориентација треба да се определи дека таа е задолжителен дел од ИОП-от и модифицираната програма и начин на нејзино остварување.
1.4. Да се ревидира Правилникот за образование во домашни и болнички услови
Образложение: Постоечкиот Правилник за начинот на избор на основно училиште, поблискиите критериуми и начинот на организирање на наставата во здравствени установи, казнено поправни и воспитно-поправни установи, како и во домашни услови не содржи попрецизни препораки со кои на училиштата и училишните инклузивни тимови им се даваат конкретни насоки за реализација на образованието поради што не постои организиран и единствен начин на спроведување на образование во болнички и домашни услови па во пракса тоа најчесто се состои од индивидуални совети за родителите.
1.5. Измена на Правилникот за компетенции на образовните асистенти во однос на рационализацијата Образложение;за да може образовниот асистент да дава поддршка на ученици од различна паралелка со што би се овозможила рационализација на образовните асистенти потребна е измена на член 7 став 2 од Правилникот. Правилникот треба да се усогласи со новите измени во Законот за основно образование
1.6. Да се укине афирмативната мерка за непочитување на реонизацијата за учениците со попреченост- во Законот за основно образование да се измени член 6 став 2 со тоа што ќе се избрише текстот „неприменување на одредбата за реонизација при запишување на ученици со попреченост“
Образложение: оваа афирмативна мерка најчесто е поврзана со дискриминација на учениците со попреченост бидејќи голем број училишта одбиваат да ги запишат децата со попреченост со образложение дека немаат услови за спроведување на нивно образование па родителите се приморани да бараат други училишта. Учениците со попреченост како и сите други треба да се запишуваат во основно училиште кое е најблиску до местото на живеење. Училиштето е обврзано да создаде услови за образование во согласност со функционалните способности на секој ученик со попреченост. Реонизацијата да се почитува за сите, вклучително и за учениците со попреченост.
2. Потребите на ОУРЦ и Центрите за поддршка во учењето за квалитетна поддршка на сите ученици со попреченост во основното образование
2.1. Во Основните училишта со ресурсни центри (ОУРЦ) и во Центрите за поддршка во учењето (ЦПУ) да се формираат образовни групи по развојни периоди за ученици со попреченост кои учат со посебна поддршка по модифицирана програма (законска регулација)
2.2. Обезбедување превоз за децата кои добиваат индивидуална поддршка и третман во ОУРЦ) и ЦПУ и определување на начин на финансирање за истиот
2.3. Евидентирање на дел од образованието по модифицирана програма кое се спроведува во ОУРЦ или ЦПУ како и индвивидуалната работа со ученик во ОУРЦ или ЦПУ во Е-дневник на паралелката во која е запишан ученикот
2.4. Обезбедување на финансиски средства за ОУРЦ за давање поддршка во ООУ (пр. обезбедување на финансии за превоз на стручните работници при давање на услуги во ООУ, средства за асистивна технологија, изработка на надгледни средства идр.)
2.5. Обезбедување на годишен флексибилен буџет за обезбедување на услугата образовна аситенција согласно бројот на пристигнати барања од ООУ во текот на целата календарска година
2.6. Изготвување на Правилник за работа на Центрите за поддршка на учењето и нивно целосно активирање. За успешно инклузивно образование во секој град потребно е да постои активен и добро опремен Центар за поддршка на учењето. Со Правилникот да се дефинира и координацијата и соработката на Центрите за поддршка во учењето со ОУРЦ и со основните училишта
2.7. За учениците со оштетен слух да се обезбедат образовни асистенти кои се сертифицирани толкувачи
2.8. Секоја календарска година да се планира соодветен буџет за поголема опременост на ОУРЦ, ЦПУ и ООУ со наставни материјали, средства и асистивна технологија
3. Образованието на учениците со попреченост во иднина
3.1. При транзиција од еден во друг степен на образование педагошката и медицинската документација задолжително да го прати детето/ученикот со попреченост или развојни проблеми (да се овозможи соодветна законска регулација)
3.2. Зголемување на финансиските дотации за учениците со попреченост. Средствата да го следат ученикот до училиштето и вистински да бидат наменети за учениците со попреченост. Да се донесе методологија врз основа на која ќе се планираат расходите за образование на ученици со попреченост
3.3. Да се донесе упатство/протокол за спроведување на настава по модифицирана програма
3.4. Педагошката документација за учениците со попреченост ја изготвува основното училиште, ОУРЦ и Центрите за поддршка да имаат пристап до ЕМИС
3.5. Пропишување на нормативи и стандарди за координација на образовната асистенција
3.6. Пропишување на нормативи и стандарди за начинот на спроведување на индивидуалната работа во ОУРЦ и ЦПУ
3.7. Пропишување на педагошка документација и евиденција за ресурсни услуги
3.8. Изготвување на свидетелства за учениците кои се образуваат по ИОП и модифицирана програма
3.9. Обука на ДПИ за инклузивно образование – пропишување на стандарди за следење на работата на инклизивните тимови
3.10. Задолжителна обука/ информирање на сите родителите за правата и обврските што ги носи инклузијата, при користењето наобразовната асистенција и другите ресурсни услуги
3.11. Вклучување на општините во обезбедување на финансиски средства за инклузивно образование
3.12. Стручната служба да се ослободи од премногу административни обврски со цел да се посветат на давање квалитетна поддршка за учениците
3.13. Измени и дополнување на програмите на високобразовните институции кои образуваат педагошки кадри во однос на инклузивното образование
3.14. Измени и дополнување на програмите за педагошка доквалификација на предметните наставници во однос на инклузивното образование
3.15. Подобрување на квалитетот на ИОП, воведување на МКФ ориентиран ИОП ( ревидирање на водичот за работа на училишниот инклузивен тим и дополнителна изработка на лесно читлива верзија од истиот)
3.16. Воведување на листа за следење на инклузијата базирана на МКФ
3.17. Решавање на статусот на образовните асистенти (образовните асистенти кои имаат компетенции за реализирање на настава според студиската програма по која се образувале да добијат звање на наставници како „асистенти во настава“ и да се овозможи трансформација на нивниот работен однос на неопределено време)
3.18. Подготовка за воведување на нов тип на образовна поддршка преку методи на заедничка настава и подготовка за трансформација на поддршката од образовна асистенција кон ко настава (co-teaching) ( во секоја паралелка во која има ученик со попреченост да има два рамноправни наставика) во наредниот период.
Доставено до:
- Министерство за образование и наука
- Биро за развој на образованието
- Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост
-Уницеф
13.11.2023 година
Претседател на Сојуз на специјални

едукатори и рехабилитатори на РСМ
Горан Петрушев