Image
Image
Image

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ВО JOB SHADOWING АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС + ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА НА ИНКЛУЗИВНАТА УЧИЛИШНА СРЕДИНА ПРЕКУ НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ НА КО-НАСТАВА И РЕСУРСНИТЕ ЦЕНТРИ“

Датум на одржување: 26.02.2024 - 01.03.2024

Место на одржување: Софија, Бугарија

Главна цел на job shadowing активноста
  • Запознавање со и усвојување на нови методи и форми на поддршка која ресурсните центри за инклузивни основни училишта ја обезбедуваат за децата со посебни образовни потреби
  • Подобрување на управувањето со конфликти со цел обезбедување позитивна, рана и ефикасна интервенција која ја подобрува атмосферата во училиштето
  • Создавање и вмрежување на одржливи контакти за идна соработка
  • Подобрување на комуникациските компетенци

Профил на учесници
Повикот е отворен за 10 лица кои треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Да се челнови на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
  • Најмалку една година работно искуство како специјален едукатор, образовен асистент или наставник во основно училиште
  • Да не се помлади од 22 години
  • Познавање на англиски јазик

Заинтерисираните кандидати треба да го пополнат апликациониот формулар и, заедно со мотивационо писмо, да го испратат на e-mail: sojuz_defektolozi@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 05.02.2024

Сите трошоци за превоз, храна и сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот, во согласност со Еразмус+ правилата.