Јавен повик за ангажирање на ТЕХНИЧКИ АСИСТЕНТ на проект

„Семејно-ориентирана рана интервенција во детството“

 

За потребите на проектот „Семејно-ориентирана рана интервенција во детството“ во имплементација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ а со поддршка на УНИЦЕФ, објавува јавен повик за следнава позиција: ТЕХНИЧКИ АСИСТЕНТ/СЕКРЕТАР


Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови (потребни квалификации):

  • завршено ССС;
  • познавање на пишан и говорен македонски и англиски јазик.


Работни задачи:

  • ​​обезбедување техничка и административна поддршка на проектниот менаџмент за успешна имплементација и постигнување на резултатите од проектот, вклучувајќи управување со податоци, преговори со давателите на услуги и поддршка при вршење на плаќања;
  • закажување на редовни координативни состаноци со водечкиот експерт и стручниот тим од професионалци и/или состаноци со релевантните засегнати страни;
  • поддржување на спроведувањето на планираните проектни активности;
  • помагање на проектниот координаторот во правењето аранжмани за патување и/или сместување за обучувачите и учесниците на обуката согласно проектната програма;
  • помагање при организирање на обуката со потребните материјали/опрема за обука;
  • ​​поддршка при креирањето месечни извештаи со квантитативни и квалитативни податоци за напредокот на проектот;
  • поддршка при подготовката на финансиските и наративните извештаи.

Доколку сте заинтересирани за објавената позиција Вашата биографија и мотивациско писмо доставете ги на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15.11.2024 година

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија