Image
Image

На 03.10.2022 година се одржа првиот состанок на конзорциумот Еразмус+ проектот „Планирање на дополнителна образовна поддршка користејќи ја МКФ (МКФ-план)“, во Грац, Австрија,  на кој присуствуваше и ССЕР како ко-апликант на проектот.

На состанокот присуствуваа учесници од сите проектни партнери: Д-р Претис (интернационален МКФ експерт), Австрија – водечки апликант и координатор, Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот, „Образование за сите“ Скопје, Општина Центар, Република Северна Македонијa, Универзитетски колеџ за едукација на наставници – Стириа, Австрија, Приватен универзитетски колеџ за образование на наставници, Аугустинум, ДИ Вилхелм Штадтлер, Мелек Академија, Турција, Центар за насоки и истражување, Чорум, Турција.

На состанокот беа презентирани целите и резултатите од проектот и конзорциумот на проектот дискутираше за активностите за имплементирање на проектот согласно временската рамка. Беа презентирани и надлежностите и одговорностите на секој од проектните партнери, како и акцент на дисеминација на проектните активности и резултати.

Проектот е ко-финансиран од Еврпоската Унија.

Времетраењето на проектот: Октомври 2022 – Септември 2024

Image
Прв состанок на конзорциум на проектот МКФ-План, Грац, Австрија