Image
Излезе од печат книгата „ПЛАНИРАЊЕ, ФОРМУЛИРАЊЕ И ПРОВЕРКА НА ЦЕЛИ ЗА УЧЕСТВО- МКФ поедноставена“ од проф.д-р Манфред Претис во издание на Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ. Книгата е превод на оригиналното издание кое е излезено во печат во 2022 година на германски јазик од страна на издавачката куќа Ернст Рајнхард Минхен.

Во книгата е претставено учеството на децата и младите во секојдневниот живот според тоа како истото е дефинирано во Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) со приказ на примери за практично формулирање на цели за учество. Примерите покажуваат како можат да изгледаат целите за учество ориентирани кон контекст за деца и младинци со различни возрасти и со различни развојни потешкотии.
Книгата ќе го олесни планирањето на активности кои треба да се спроведуваат со децата со попреченост и развојни потешкотии во предучилишното и основното образование и истата е наменета за специјални едукатори и рехабилитатори, наставници, воспитувачи и останати стручни лица како и за родителите на децата.
Децата со потешкотии во развојот треба да учествуваат во општеството во најголема можна мера. Ова е целта на сите мерки за поддршка и терапија во денешно време.

Книгата може да се нарача со потполнување на формуларот за нарачка со избор на копчето „Нарачај!“. По што ќе бидете исконтактирани со инструкции за плаќање.

Цената за една книга е 600ден. За купени три или повеќе парчиња цената е 500ден.

„ПЛАНИРАЊЕ, ФОРМУЛИРАЊЕ И ПРОВЕРКА НА ЦЕЛИ ЗА УЧЕСТВО - МКФ поедноставена“

Формулар за нарачка: