Меѓународна научно-стручна конференција

„75 ГОДИНИ - ОРГАНИЗИРАНА ЕДУКАЦИЈА,РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ

НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВОРЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

7-9 ноември, 2024 година, Скопје, Р.Северна Македонија

 

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Организатор:

  • Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија

Категории (подрачја) и теми: 

  • Клинички стратегии и трендови во рехабилитација на лицата со попреченост;
    • Етиолошки аспекти на попреченоста;
    • Актуелни пристапи во превенција и детекција ;
    • Примена на раната дијагностика и нејзиното значење;
    • Избор на методи и техники за процена ;
    • Рана детска интервенција
    • Современи трендови во третманот на лицата со попреченост;
  • Воспитание и образование на лицата со попреченост;
    • Искуства од инклузија во предучилишните установи;
    • Искуства од инклузија во редовните основни училишта;
    • Инклузија во средното образование;
    • Актуелности и искуства во воспитанието, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во основните училишта со ресурсен центар и Центрите за поддршка во учењето.
  • Социоекономски аспекти на состојбата со лицата со попреченост;
    • Унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост;
    • Родителите и семејствата на лицата со попреченост како активни учесници во сите сегменти од процесот.
    • Социјална инклузија на лицата со попреченост ;
    • Искуства од спроведување на деинституционализаци и независно живеење на лицата со попреченост;
    • Модели на работа со лицата со попреченост во Дневните центри и установите за социјална заштита;
    • Професионална рехабилитација и вработување на лицата со попреченост;
    • Возрасно доба и стареење на лицата со попреченост;
    • Улогата на граѓанскиот сектор во подигнување на јавната свест и поддршка на лицата со попреченост;
    • Законодавна и институционална поддршка на лицата со попреченост;

Цели на конференцијата:

  • Вмрежување и зајакнување на комуникацијата на едукаторите, истражувачите, медицинските лица, родителите и на сите кои се посветени на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост; размена на искуства и сознанија и давање предлози за унапредување на дијагностиката, рехабилитацијата и едукацијата на лицата со попреченост; согледување на предизвиците со кои треба да се соочи Република Северна Македонија во насока на унапредување на состојбата со лицата со попреченост.

Целни групи:

  • Стручни лица – специјални едукатори и рехабилитатори (различни профили), наставници, воспитувачи, психолози, педагози, логопеди, педијатри, психијатри, социјални работници  и др.;
  • Институции кои се занимаваат со образование, дијагностика, рехабилитација, третман и заштита на лицата со попреченост;
  • Родители на деца со попреченост;
  • Претставници од централната и локалната власт;
  • Невладини организации.

Официјален јазик на конференцијата:

  • Македонски јазик
  • Англиски  јазик

Форми на учество:

  • Пленарно излагање
  • Усно излагање
  • Постер презентација
  • Учество без излагање

 

  Прочитај повеќе - Меѓународна научно-стручна конференција - Скопје, Ноември 2024
  Упатство за автори
  Формулар за пријавување

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија