Потпишан Меморандум за соработка помеѓу
„Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија” и ЗГ „ЦеПроСАРД”
Почитувани,
На 19.04.2019 година во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу „Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија” претставуван од преседателот на Сојузот г-дин Горан Петрушев и „Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” претставуван од извршниот директор г-ѓа Светлана Петровска.
Меморандумот ја уважува намерата на „Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија” и „Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” - ЦеПроСАРД да воспостават врска со цел да соработуваат на различни проекти во заеднички интерес. Соработката особено ќе се однесува во делот на воведување на иновативни практики во работењето на двете организации.
Фотографијата и тектстот е преземен со дозвола од:
Извор: веб страна на ceprosard.org.mk
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
ЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: