Image
Image
Image

На 28.02.2023 година се одржа третиот состанок на конзорциумот на проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ) во Скопје.

Во фокусот на состанокот беа продуктите кои се подготвени во изминатиот период, односно проектоен резултат 1 – Листа на инклузија базирана на МКФ, достапна на македонски, англиски, германски, турски и албански јазик, како и проектен резултат 2 – Инкубатор на цели на учество,        е-алатка достапна на горенаведените јазици. Проектните резултати како алатки се достапни на официјалната веб-страница на проектот - https://www.icf-inclusion.net/mk 

Партнерите дискутираа за подготовката на последниот - проектен резулат 3, како и преземање на активности за зголемена дисеминација на проектните резултати, иако таргет бројката е успешно достигната.

Во текот на состанокот, беше одобрена и дисеминацијата на вториот подготовен Билтен, достапен на веб-страницата.

На состанокот присуствуваа учесници од сите ко-апликанти на проектот: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори (ССЕР), Образование за сите, Д-р Претис, Универзитетски колеџ за едукација на наставници – Стириа, Австрија, Медицинско училиште Хамбург, Германија, Мелек Академија, Турција  и Општина Гази Баба.

Проектот е дел од Еразмус+ програмата и е финансиран од Еврпоската Унија и Националната Агенција за образовни програми и мобилност.

Времетраењето на проектот е: Февруари 2022 – Јануари 2024 

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата http://www.icf-inclusion.net/

Image
Image
Трет состанок на конзорциум на проектот, Скопје