На ден 02.03.2023 се одржа Мултипликативниот настан Е5 „Листа на инклузија - Алатка за зголемување на свеста за учеството и инклузијата“ во организација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Северна Македонија, а дел од проектните активности на проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“.
Настанот имаше за цел да ги претстави двата проектни резултати постигнати во досегашното времетраење на проектот и нивниот позитивен импакт врз инклузивното образование, а притоа беше изнесена и целта на третиот проектен резултат кој е во изработка од страна на сите партнери.
Присутните специјални едукатори и рехабилитатори имаа можност да се запознаат со новите корисни алатки, достапни за сите, на: https://www.icf-inclusion.net/ како продукти од проектот со чие користење се овозможува проценка на учеството на ученикот со попреченост од страна на специјалниот едукатор и наставник, избор на бројни примери на цели на учество, во однос на потребното и значително подобрување на учеството на ученикот.
Проектот е дел од Еразмус+ програмата и е финансиран од Еврпоската Унија и Националната Агенција за образовни програми и мобилност.
Времетраењето на проектот е: Февруари 2022 – Јануари 2024