Rate this item
(0 votes)
Image
Image
Image

Еразмус+ проект „Имплементација на МКФ“
Воведна средба во Скопје, Северна Македонија

 

На 27 февруари 2023 година се одржа воведниот состанок на проектот Еразмус+ „Имплементација на меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (ICF)“. Подобрување на процесите за обука и обезбедување квалитет на транссекторска поддршка за лицата со попреченост“ во Скопје, Северна Македонија.

Проектот започна на 31.12.2022 година и има за цел да ја воведе Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) како заеднички јазик во различни области на поддршка за лицата со попреченост. Спроведувањето на проектот има за цел да помогне да се подобри квалитетот на поддршката за лицата со попреченост. Фокусот на проектот е создавање на конкретен водич за имплементација на МКФ со конкретни информации за различни сектори и области: медицина, социјални работи, психологија, образование итн.

Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија ќе го спровува проектот заедно со девет други институции од Австрија, Германија, Северна Македонија и Турција во следните две години.

Image