Разговор со Јетон Шаќири - Министер за Образование и Наука
Јетон Шаќири:
„Со претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори Горан Петрушев и проф. Буниамин Мемеди, разговаравме за обезбедување поуспешна образовна инклузија и како заеднички да придонесеме во градењето на општество на еднакви можности, во кое децата со посебни образовни потреби ќе бидат еднакви со сите други деца.
Нивната стручна поддршка ќе помогне и за сензибилизирање на јавноста, посебно на родителите, за прифаќање на различностите и правото на секој ученик да посетува училиште кое е најблиску до местото каде живее.
Заедничка е заложбата за повеќе специјални едукатори и логопеди во образовниот процес како и за зголемување на бројот на образовни и лични асистенти, како услов за поголема вклученост на децата со посебни образовни потреби во редовна настава.
Наша цел е преку инклузивно образование да обезбедиме најдобри развојни постигнувања за секое дете со посебни потреби. Затоа ни е важно вклучувањето на стручните лица во развивањето на позитивен општествен став кон инклузијата, надминување на неоснованите стравови кај родителите и претворање на отпорот кон различностите во прифаќање. Преку образованието градиме личности со емпатија и толеранција.“
Фотографиите и тектстот се превземени од:
Извор: фејсбук страна на Министерот за Образование и Наука www.facebook.com/jetonshaqirii
|
View the embedded image gallery online at:
https://sojuzser.org/index/mk/activities/networks/cooperation-in-rsm/sorabotkamon2022#sigProIde053f37e9c |
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
ЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:

