

Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори е дел од Еразмус+ проектот „Планирање на дополнителна образовна поддршка користејќи ја МКФ (МКФ-план)“.
Проектот има за цел да им овозможи на училишните кадри да ја користат МКФ за подготовка на едноставно планирање на поддршката во училиштето, со цел унапредување на можностите за учење на учениците со потешкотии во развојот. Истото, ќе се постигне преку користење на МКФ - заедничкиот јазик во процесите на планирање на училишните ресурси.
МКФ-План ќе ги поддрши училишните професионалци преку обезбедување на едноставен МКФ образец за примена и креирање на анонимни планови за поддршка.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ
-
Материјали за обука за соодветните специфични здравствени домени на МКФ
-
Примери за најдобра практика на веќе достапни примери за МКФ
-
Пакет-алатки со постоечки линкови до други проекти: www.icfcy-meduse.eu , www.icf-school.eu и www.icf-inclusion.net за проценка и планирање на учеството
-
Одговори на често поставувани прашања (ЧПП) од претходно практично искуство со МКФ
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија.
Времетраењето на проектот е од Октомври 2022-Септември 2024 година.
- Д-р Претис (интернационален МКФ експерт), Австрија - – водечки апликант и координатор
- Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот, „Образование за сите“ Скопје;
- Општина Центар, Република Северна Македонија
- Универзитетски колеџ за едукација на наставници – Стириа, Австрија
- Приватен универзитетски колеџ за образование на наставници, Аугустинум
- ДИ Вилхелм Штадтлер
- Мелек Академија, Турција
- Центар за насоки и истражување, Чорум, Турција