ОБУКА ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА ПО МКФ

 

Сојузот на специјални едуктори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, ги повикува сите заинтересирани лица да го искажат својот интерес за учество на следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

за  учесници на сеопфатна обука за функционална проценка на попреченоста кај деца, втемелена на Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФ)

Обуката се организира за потребите на стручните тела за функционална проценка по МКФ и е наменета за стручни лица: специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, лекари и социјални работници за територија на источниот плански регион (Штип, Карбинци, Зрновци, Чешиново-облешево,Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево и Виница). Обуката е наменета за стручни лица со минимум пет годишно работно искуство во својата професија, кои се високо мотивирани да ги прифатат нашите вредности во однос на примена на МКФ, посветеност кон мисијата за подршка и заштита на децата со попреченост и развој на граѓанско општество, одговорност, личен интегритет, емпатија.

Обуката е составена од 30 часа теоретски и 10 часа практичен дел во групи од 5-10 учесници. По завршување на обуката постои можност за ангажман во Регионалното стручно тело за функционална проценка со седиште во Штип како членови или заменици. Вашата биографија и мотивциско писмо може да ги испратите на следнава електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..со назнака: „Пријава za обука за стручни лица од полошки регион“ најдоцна до 28.01.2022 година. Само оние кандидати кои ќе бидат селектирани во потесниот круг на избор ќе бидат дополнително контактирани.

 

    Прочитај повеќе - Јавен повик за обука за функционална проценка по МКФ
СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија