Добитници на награди од Фондацијата Проф. д-р Љупчо Ајдински

за 2012 година

 

  1. Добитник на наградата за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост за 2012 година е Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје кој е Републичка установа од јавен интерес и е во мрежата на Јавни установи од социјален карактер. Установата постои од 1965 година. Oсновна дејност на Заводот за рехабилитација на деца и младинци е обезбедување на рехабилитационо – корективен третман на деца и младинци со умерени, тешки и комбинирани пречки во интелектуалниот развој.
  2. Добитник на наградата за најдобар ученик/корисник на установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на 2012 година е ученичката Вера Апостоловска, родена на 14.03.2001 година, ученик во седмо одделение во училиштето Ј.Х.Песталоци во Скопје. Вера е ученик во инклузивно образование како дете со пореченост поради спастично-хореатична форма на церебрална парализа.
  3. Добитник на наградата за најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на 2012 година е м-р Валентина Дуковска вработена во ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје, на работно место дефектолог.

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија