Добитници на награди од Фондацијата Проф. д-р Љупчо Ајдински

за 2015 година

 

  1. Добитник на наградата за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост за 2015 година е Детски свет Исток – Скопје, приватна установа за третман и едукација на лица со попреченост, претставувана од Маја Трајчова
  2. Добитник на наградата за најдобар ученик/корисник на установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на 2015 година е Елена Ѓеоргиевска, лице со успорен психомоторен развој на возраст од 25 години, студент на факултетот за туризам и менаџмент
  3. Добитник на наградата за најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на 2015 година е Самир Грбле, дипл.дефектолог, Магистер по специјална едукација и рехабилитација, вработен во ОУ „Мустафа К. Ататурк“ – Гостивар со работно искуство од 14 години

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија