Добитници на награди од Фондацијата Проф. д-р Љупчо Ајдински
за 2018 година
- Добитник на наградата за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост за 2018 година е Основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ Скопје, како најдобро инклузивно училиште
- Добитник на наградата за најдобар ученик/корисник на установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на 2018 година е Јована Трајчевска, ученичка во седмо одделение во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ - Скопје, -дете со пречки во видот, практично слепо лице, Амаурозис, со континуиран одличен успех во сите години и примерно поведение
- Добитник на наградата за најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на 2018 година е д-р Весна Костиќ-Ивановиќ, вработена во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ Скопје, со 19 години работно искуство како наставник-дефектолог
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија