СИМПОЗИУМ НА ТЕМА:

„ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦА СО ДОЦНЕЊЕ ВО РАЗВОЈОТ
И/ИЛИ ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ПРЕДУЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТАНИЕ 
ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

23-25 АПРИЛ, 2026 година, Охрид, Р.Северна Македонија

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА СИМПОЗИУМОТ


Организатор:

  • Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;

Цели на симпозиумот:

  • Споделување на искуства и научени лекции од досегашните инклузивни практики;

  • Препораки за подобрување на можностите за предучилишно образование и воспитание на учениците со попреченост;

  • Согледување на предизвиците со кои треба да се соочи Република Северна Македонија во насока на унапредување на предучилишното воспитание и образование на децата со доцнење во развојот и/или попреченост.

Целни групи:

  • Стручни лица – специјални едукатори и рехабилитатори (различни профили), наставници, воспитувачи, психолози, педагози, логопеди, педијатри, психијатри, социјални работници и др.;

  • Институции кои се занимаваат со предучилишно образование и воспитание;

  • Родители на деца со попреченост;

  • Претставници од централната и локалната власт;

  • Граѓански организации.

Официјален јазик на конференцијата:

  • Македонски јазик


Пријава за учество:

  • Со пополнување на „Формулар за пријава на учество“ кој што се презема од веб-страницата: www.sojuzser.org

  • Формуларот треба да се испрати на е-маил; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10.03.2026 година

  • Бројот на учесници е ограничен, пријавите ќе се примаат до потполнување на бројот

Котизација:

  • Котизацијата вклучува: учество на конференцијата,сместување во хотел на база на два полупансиони, материјали, сертификат за учество, освежувањa во текот на паузите.

  • Цена на котизација со сместување во двокреветна соба 8,500.00 денари

  • Цена на котизација со сместување во еднокреветна соба 10,500.00 денари

  • Котизацијата треба да се уплати во рок од три дена по добиена потврда за регистрација на конференцијата

 

      Прочитај повеќе - Известување за Симпозиум Охрид 2026
    Превземи - Формулар за пријавување на Симпозиум
 
 
СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија