Меѓународна соработка 2020
Почитувани,
Од 20-23.02.2020 година во Белград во конгресниот центар на хотелот "Мона Плаза", се одржаа традиционалните "Денови на дефектолози 2020" во организација на Друштвото на дефектолози на Република Србија.
Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Р.Северна Македонија беше претсавуван од Претседателот г-дин Горан Петрушев кој имаше излагање во пленарниот дел а учествуваше и со свое излагање во Трибината на Развојниот Центар. На отворањето на конференцијата беше потпишана согласност за пристапување на Друштвото на дефектолози на Црна Гора кон Протоколот за регионална соработка на струковите здруженија.
На конференцијата учествуваа и голем број на членови на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ со свои стручни излагања, а проф.др Горан Ајдински беше член на Научниот одбор и имаше свое излагање во пленарниот дел. Друштвото на дефектолози на Србија додели Благодарници на Претседателите на регионалните струкови здруженија за искажана колегијалност и пријателство.
Во текот на Конференцијеата на која присуствоваа околу 400 учесници од 10 држави, реализирани беа 130 стручни и научни трудови и 7 интерактивни работилници. Одржана е и Трибина на Развојниот центар на Друштвото на тема:„Ттрансформација на училиштата за ученици со попреченост во Република Србија во Ресурсни центри“.
Собирот беше традиционално затворен со дружење во тек на заедничка Свечана вечера.
Во најава е подготовка на регионална конференција во 2021 година во организација на сите струкови здруженија потписници на Протоколот за соработка.
View the embedded image gallery online at:
https://sojuzser.org/index/mk/m-activities/m-networks/m-international-cooperation/medjunaradona-sorabotka2020#sigProId6554dd0d1f |
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
ЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: