Грижа во заедницата за деца со попреченост и нивните семејства


Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија со финансиска поддршка на УНИЦЕФ и Британската амбасада од август 2019 започна со реализација на проектот Грижа во заедницата за деца со попреченост и нивните семејства чија главна цел е обезбедување услуги во заедницата на деца со попреченост и нивните семејства преку воспоставување на нови форми на услуги - рана интервенција за деца со попреченост од 0 до 6 години и психосоцијална поддршка на нивните родители/старатели, со дополнителна можност за остварување на услугата помош и нега во домот за деца на возраст од 6 до 18 години со тешка и најтешка интелектуална попреченост, односно комбинирана попреченост и комплексни проблеми.



СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија