Известување


Од 02.03.2020 (понеделник) започна со работа Центарот за рана интервенција и поддршка на семејства. Отворањето на Центарот е овозможено со финансиска поддршка од Амбасадата на Обединетото Кралство и поддршка од УНИЦЕФ во партнерство со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија и со помош на Град Скопје.
 
Центарот за рана интервенција и поддршка на деца со попреченост и нивните семејствата ќе биде наменет за деца од 0 до 6 години кај кои се забележуваат доцнења во развојот и/или попреченост и во истиот ќе се реализираат следниве активности:
  • проценка на потребите на децата за рехабилитација и проценка на потребите на семејството за поддршка;
  • индивидуална и групна работа со деца (третмани и интервенции);
  • индивидуална и групна работа со родители (давање психосоцијална поддршка).
Стручните лица, обучен мулти-дисциплинарен тим (специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, физиотерапевт, психолог-психотерапевт и неговател) ќе направат проценка на потребите на децата за рехабилитација, како и проценка на потребите на семејството за поддршка, а потоа во Центарот ќе се реализираат третмани и интервенции на децата во кои ќе бидат вклучени и родителите. Раната интервенција ќе овозможи децата да добијат специјализирана поддршка и услуги кои го стимулираат нивниот развој, преку реализација на активности за развој на вештини, способности и компетенции и создавање на стимулирачка средина во која ќе се чувствуваат безбедно и сигурно.
 
Ги повикуваме сите заинтересирани родители да се јават на тел. 074/222148 и да закажат термин. Услугите во Центарот се бесплатни!

 

Центарот за рана интервенција и поддршка на семејства се наоѓа на приземје во катната гаража „Беко“ во строгиот центар на Скопје и истиот е целосно пристапен.
 
 

 
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија