Информација за проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“

 

 

Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, во соработка со Македонското Монтесори Здружение, а во поддршка на OБСЕ Мисијата во Скопје, започнаа со реализација на проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“.

Целта на проектот е надградување на капацитетите на организациите кои се партнери во имплементација на проектот преку развој на Е-платформа која ќе овозможи континуирана поддршка на децата со попреченост и нивните семејства.

Содржините на Е-платформата ќе бидат креирани од страна на стручни лица, искусни професионалци во областите во кои ќе се обезбедува далечинска поддршка, а кои ќе бидат следниве:

- едукативна поддршка на ученици со попреченост од 6-12 години (oдделенска настава) кои се инклузирани во редовните училишта и следат настава според индивидуален образовен план (ИОП);

- психо-социјална и советодавна поддршка на семејства на децата со попреченост;

- ресурси за воспитувачите од градинките и одделенските наставници од редовните училишта.

На платформата ќе бидат поставени разни содржини (текстови, фотографии, презентации, видеа) преку кои ќе се поттикне развојот на различни области кај децата согласно нивната возраст. Платформата ќе нуди можност за поставување на прашања од страна на родителите/воспитувачите/наставниците и понудување соодветни стручни одговори, размена на мислења, дискусија, онлајн средби, работилници на теми од интерес на корисниците, психосоцијална поддршка на родителите (индивидуална или групна), индивидуално следење на децата преку креирање на персонализирани профили под мониторинг на стручни лица.

Со цел обезбедување пристапност до поширока целна група, платформата ќе биде на македонски и албански јазик.

 

  

Прочитајте го официјалниот документ: 

    Прочитај повеќе - Информација за проектот 

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија