


Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори е дел од Еразмус+ проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ) кој им дава можност на наставниците и инклузивните тимови во образованието, како и на родителите да ја користат Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ). Употребата на МКФ им помага на наставниците, родителите и учениците да се фокусираат на способностите, целите во учеството и целосна инклузија на децата со развојни тешкотии преку примена на заеднички јазик.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ
- Листа за проверка на инклузија базирана на МКФ (О1)- им овозможува на наставниците и родителите опишување и проценување на учеството на учениците со развојни тешкотии. Таа овозможува фокусирање на способности и на она што детето МОЖЕ да го постигне. Истата ја олеснува проценката за потребната поддршка на детето и овозможува заедничкото дефинирање на ЦЕЛИТЕ НА УЧЕСТВО.
- Инкубатор за цели за учество (О2)- Алатка за поддршка на наставниците да ко-дефинираат значајни цели за учество (со родителите и/или со учениците), при тоа нудејќи информации и ресурси со повеќе од 70 примери на цели за учество. Преку оваа алатка наставниците учат како другите професионалци создале цели за учество и имаат можност да ги пренесат овие примери во нивната секојдневна работа. Збирот на ресурси е директно поврзан со листата за проверка на инклузија базирана на МКФ и ги поддржува наставниците да креираат сопствени цели за нивните ученици.
- Пакет алатки за тимска работа за наставници (О3) - Пакетот со алатки за тимска работа на наставниците ги поддржува наставниците да учат и да одлучуваат за корисни методологии за тимска работа при работа со деца со развојни тешкотии и нивните родители.Пакетот се состои од методолошки водич и примери за најдобра практика за тимска работа во образовни услови (училиште, градинка). Истата содржи и информации ориентирани кон вештини за наставниците да стекнат релевантни вештини за различни пристапи за тимска настава и нивна имплементација во училиште или во градинка.
Целите обезбедуваат практични насоки за професионалци во училиште, градинка и други образовни средини (на пр. рана детска интервенција).
Сите алатки се бесплатни и ги поддржуваат предвидените индивидуални образовни планови за деца (0-18 години) со тешкотии во развојот.
Проектот е финансиран од Европската Унија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Времетраењето на проектот е од Февруари 2022-Јануари 2024 година.
Партнери во проектот се:
- Образование за сите - водечки апликант и координатор на проектот, Република Сеерна Македонија;
- Oпштина Гази Баба, Република Северна Македонија;
- Д-р Претис (интернационален МКФ експерт), Австрија;
- Универзитетски колеџ за едукација на наставници – Стириа, Австрија;
- Медицинско училиште Хамбург, Германија;
- Мелек Академија, Турција.