Image
Image
Image

На 30.09. и 01.10.2022 година се одржа вториот состанок на конзорциумот на проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ) во Грац, Австрија.

Втората средба на партнерите во Еразмус+ проектот Inclusion-Friendly Classroom (Include with ICF) се одржа на Педагошкиот факултет Штаерска во Грац. Во фокусот на состанокот беа продуктите кои ги подготвуваме за наставниците во инклузивни училници, како и презентирање на досегашниот постигна прогрес во подготовка на истите.

На состанокот присуствуваа учесници од сите ко-апликанти на проектот: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори (ССЕР), Образование за сите, Д-р Претис, Универзитетски колеџ за едукација на наставници – Стириа, Австрија, Медицинско училиште Хамбург, Германија, Мелек Академија, Турција и Општина Гази Баба.

Проектот е дел од Еразмус+ програмата и е финансиран од Еврпоската Унија и Националната Агенција за образовни програми и мобилност.

Времетраењето на проектот е: Февруари 2022 – Јануари 2024

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата http://www.icf-inclusion.net/

Image
Image
Втор состанок на конзорциум на проектот, Грац, Австрија