Информација за проектот „Е-платформа за далечинска поддршка

на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“ 

 

 

Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија во период од јули до ноември 2020 година, во соработка со Македонското Монтесори Здружение, го реализираше проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“. Проектот беше финасиски поддржан од Мисијата на OБСЕ во Скопје, како дел од Вонредниот повик за предлози: Фонд за одговор на Ковид-19. 

Продукт на проектот е Eduink.mk – платформа за поддршка на инклузивното образование. Платформата нуди индивидуализирана поддршка во учењето за ученици со попреченост од I дo V одделение кои се вклучени во редовна настава во основните училишта и кои настава следат според Индивидуален образовен план (ИОП). 

Платформата има главен дел кој е достапен за сите посетители, како и дел за давање персонализирани услуги на поддршка во учењето. Корисниците кои ќе добиваат  индивидуализирана образовна поддршка од страна на стручни лица (сецијални едукатори и рехабилитатори со долгогодишно практично искуство) треба да бидат регистрирани од страна на родителите или наставниците, по што ќе биде креиран персонализиран профил на кој ќе бидат поставувани индивидуализирани едукативни содржини и насоки за учење согласно ИОП на секој ученик. 

Содржините на платформата ќе овозможат полесно совладување на наставниот материјал од страна на учениците со попреченост, а воедно ќе бидат од корист за нивните родители во обезбедувањето на соодветна поддршка во домот. Исто така, ќе бидат значаен ресурс за наставниот кадар и другите стручни лица инволвирани во наставата со овие ученици. 

За да пристапите до платформата впишете www.eduink.mk

  

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија