Подобрување на социјалната заштита на лица со попреченост преку
развој на услугите рана интервенција за деца со пречки во развојот и
помош и нега во домот за лица со тешка и најтешка попреченост на
територијата на Град Скопје
Од 17.02.2020 година Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија со финансиска поддршка од Градот Скопје започна со реализација на Проектот „ Подобрување на социјалната заштита на лица со попреченост преку развој на услугите рана интервенција за деца со пречки во развојот и помош и нега во домот за лица со тешка и најтешка попреченост на територијата на Град Скопје. “ и истиот опфаќа две компоненти на подршка.
Првата компонента е делумна подршката на Центарот за Рана интервенција и истата ќе се одвива во два дела, едниот за деца од 0-3 години а другиот дел за деца од 3-6 години и ќе им биде дадена на деца со доцнења во развојот и / или попречености од страна на тим од повеќе стручни лица. Центарот ќе биде опремен со соодветни материјали неопходни за подршка и унапредување на раниот детски развој. Во Центарот ќе работат лица обучени да обезбедат специјализирани интервенции на дневна основа.
Втората компонента на проектот е продолжување на услугата помош и нега во домот за лица со тежок и најтежок облик на попреченост и комбинирани пречки кои се жители на градот Скопје, со цел подршка и помош на семејствата кои се грижат за овие лица со што би се превенирала институционализацијата и би се подобрил квалитетот на живеење на овие лица во нивните домови.
Тим од стручни лица ќе биде ангажиран во период од шест месеци со задача по претходно направен план да ги посетува лицата во нивните домови и да направи проценка на нивните потреби за подобрување на квалитетот на нивното живеење. Во согласност со направените проценки за одредени лица ќе понуди интервентна помош и подршка. Оваа активност ќе продолжи во континуитет и ќе трае се до завршување на проектот на 15 декември 2020 година во кој период ќе се подготви детална Програма за 2021 година за потребите на граѓаните со тешка и најтешка форма на попреченост која ќе биде доставена до Градот Скопје.
Поддржано од Град Скопје
Сите услуги во проектот се целосно бесплатни за граѓаните и истите можат да ги добијат со повик на телефонскиот број: 074-222-148 за закажување на првична посета.
Прочитајте го официјалниот документ:
![]() |
Прочитај повеќе - Подобрување на социјалната заштита |
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија