Информација за проектот

„Воспоставување на системски услуги за рана интервенција

за деца со развојни задоцнувања и/или попреченост“


Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија со поддршка од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје од јули 2022 година започна да го спроведува проектот „Воспоставување на системски услуги за рана интервенција за деца со развојни задоцнувања и/или попреченост“  кој предвидено е да трае до крајот на 2023 година. Целта на проектот е воспоставување на систем на услуги за рана интервенција (РИ) за деца од 0 до 6 годишна возраст кој ќе базира на интерсекторски, трансдисциплинарен и семејно ориентиран пристап. 

Потребата од спороведување на проектот базира на податоците од направената анализата од страна на УНИЦЕФ за услугите за РИ кај децата во нашата држава кои покажа дека кај постојните услуги фрагментирани и недостапни на територија на целата држава, без јасни упатства и насоки кои родителите би можеле да ги следат, односно дека недостасуваат протоколи за упатување и патокази за постапување, како и стандарди и процедури за давање на услугите за РИ. 

Во рамки на досега реализираните проектни активности беа одржани неколку работни сесии со релевантните министерства (Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство и Министерство за образование и наука) со цел усогласување на нацрт-концептот за системските услуги за РИ и заради одредување на  улогите, надлежностите и задачите на секое министерство во рамки на системот. Со цел презентација на концептот за системска РИ беа реализирани состаноци со сегашни или потенцијални даватели на услугата РИ во Скопје и Штип, на кои присуствуваа голем број стручни лица од детските градинки, Дневни центри, здравствени и образовни институции, како и претставници на граѓански организации, а предвидено е да бидат реализирани и уште неколку состаноци во идниот период во Скопје и Куманово. Во овие три града подоцна ќе се пилотира имплементацијата на системските услуги за РИ.

 По спроведување на опсежна анализа за дизајнирање и имплементација на системски услуги за рана интервенција, ќе се подготви нацрт-извештај со препораки кои ќе се засноваат на докази добиени од анализата, а истиот ќе биде презентиран на работилница пред релевантните чинители. 

За реализација на проектните активности ангажиран е експертски тим (составен од неколку члена со различна експертиза, сите професионалци со долгогодишно практично искуство) предводен од водечки експерт. Тимот задолжен за реализација на проектните активности, покрај другото, работи и на развој на пакет модули за обука наменета за вработени стручни лица во установи за здравствена и социјална заштита кои понатаму ќе ја обезбедуваат услугата РИ, под мониторинг и водство од страна на експертскиот тим.

 
Слики од состанокот во Скопје
 
Слики од состанокот во Штип
 
СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија