ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА ВРЗ БАЗА НА
МЕЃУНАРОДНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ, ПОПРЕЧЕНОСТ И ЗДРАВЈЕ (МКФ)
Во периодот од 08.05.2021 година до 15.10.2021 се реализираше проектот „Имплементација на новиот модел на функционална проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето – МКФ во имплементација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ.
Главната цел на прокетот беше да се направи обука на стручни лица кои ќе вршат функционална проценка на деца и млади во согласност со новиот модел на проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец, базиран на МКФ.
Обуката се спроведе во три нови региони, во кои се отворија и три нови регионални стручни тела за функционална проценка на ниво на РСМ – Југоисточен, Пелагониски и Полошки регион.
Целиот процес се спроведуваше во соработка со Национално тело за функционална проценка кое функционира во состав на Службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом Скопје а е во постојана координација со Министерствата за труд и социјална политика, образование и здравство во постигнување на резултати од проектот, како и интензивна соработка со Центрите за социјална работа од избраните региони.
Проектот беше финансиран од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Во периодот од 11.05.-18.05.2021 се одржа теоретскиот дел од онлајн обуката за новиот модел на функционална проценка базиран ан МКФ на вкупно 16 стручни лица од Југоисточниот регион на РСМ од профилите кои се дел од постојаните членови од тимот за спроведување на функционална проценка, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, социјален работник и лекар. Додека, практичниот дел се одржа на 26.05.2021 и 27.05.2021. Како дел од проектните активности беше и организација на онлајн работилници со цел подигнување на свеста за важноста на инклузивниото образование и позитивниот импакт врз заедницата. Се одржа серија на три онлајн работилнции. Една од нив беше наменета за наставниците и инклузивните тимови од основните училишта во Југоисточниот регион, втората работилница ја одржавме со вработените од Центрите за социјална работа од Југоисточниот регион, додека третата беше наменета за родителите на децата со попреченост од Југоисточниот реигон. На работилниците присуствуваа вкупно 64 учесници.По завршувањето на основната обука се спроведе и менторска обука во траење од 30 дена на 4 одбрани стручни лица, по што официјално се отвори третото Регионално стручно тело во РСМ одговорно за Југоисточниот регион со седиште во Струмица.
Во периодот од 14.06.-17.06.2021 година се одржа теоретскиот дел од онлајн обуката за новиот модел на функционална проценка базиран на МКФ на вкупно 16 стручни лица од Пелагонискиот регион на РСМ од профилите кои се дел од постојаните членови од тимот за спроведување на функционална проценка, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, социјален работник и доктор. Додека, практичниот дел се одржа на 22.06.2021 и 23.06.2021. Во рамки на проектот, се спроведе циклус од три работилници со цел доближување на поимот на функционална проценка по МКФ што повеќе до јавноста. Работилниците беа наменети за наставниците и инклузивните тимови од основните училишта, работилница за вработените од Центрите за социјална работа и работилница наменета за родителите на децата со попреченост од Пелагонискиот регион. На работилницата учествуваа вклупно 81 учесник. По завршувањето на основната обука и менторската обука на 4 одбрани стручни лица, официјално се отворие и четвртото Регионално стручно тело во РСМ одговорно за Пелагонискиот регион, со седиште во Битола.
Во периодот од 19.07.21-23.07.2021 се одржа теоретскиот дел од онлајн обуката за новиот модел на функционална проценка базиран на МКФ на вкупно 16 стручни лица од Полошкиот регион дел од профилите кои се дел од постојаните членови од тимот за спроведување на функционална проценка, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, социјален работник и доктор. Додека, практичниот дел се одржа на 20.09.2021 и 21.09.2021. Во тек на спорведената обука за Полошкиот регион, одржавме и работилнции со цел запознавање и промоција на МКФ за наставници и инклузивни тимови од основните училишта во Полошкиот регион, работилница со Центрите за социјална работа и најаважно одржавме работилница за родителите на децата со попреченост од Полошкиот регион. По завршувањето на обуките и менторирањето на 4 одбрани стручни лица, официјално го отворивме петтото Регионално стручно тело одговорно за Полошкиот регион на РСМ со седиште во Гостивар.
Обуките и работилниците се спорведоа од страна на обучувачи-ментори со повеќегодишно искуство во примена на функционалната проценка.
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија