Меѓународна научно-стручна конференција

„Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи“

13-15 октомври, 2022 година, Скопје, Р.Северна Македонија

 

⇒ Пријавување учество на меѓународна научно-стручна конференција ⇐ ⇐

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Организатори:

  • Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
  • Филозофски факултет Скопје, Институт за специјална едукација и рехабилитација;
  • Педагошки факултет Тетово, Студии за специјална едукација и рехабилитација.

Покровител: Министер за образование и наука г-дин Јетон Шаќири

Категории (подрачја) и теми: 

  • Влијанието на дијагностиката и раната интервенција врз образованието на учениците со попреченост - клинички стратегии и трендови во рехабилитацијата:
    • Етиолошки аспекти на попреченоста;
    • Влијанието на превенција и детекција врз образованието;
    • Раната дијагностика и нејзиното значење за образованието;
    • Влијанието на раната интервенција врз образованието;
    • Методи и техники за проценка и третман;
  • Воспитание и образование на децата со попреченост во предучилишните установи:
    • Искуства од инклузија во предучилишните установи;
  • Основно образование на ученици со попреченост:
    • Проценка на учениците со пореченост при вклучување во основно образование;
    • Видови на поддршка во учењето за учениците со попреченост (образовна асистенција, лична асистенција, асистивна технологија, инклузивен тим);
    • Улогата на Основните училишта со ресурсни центи и Центрите за поддршка во учењето во образованието;
    • Индивидуален образовен план и Модифицирана програма;
    • Следење, оценување и вреднување на постигнувањата на учениците со попреченост;
  • Средно образование на ученици со попреченост:
    • Искуства и перспективи;
  • Високо образование на лица со попреченост;
  • Образование на учениците со попреченост во услови на пандемија:
    • Искуства и перспективи;
  • Социоекономски аспекти на образованието на лицата со попреченост:
    • Влијание на образованието во унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост;
    • Родителите и семејствата на лицата со попреченост како активни учесници во сите сегменти од процесот;
    • Социјална инклузија на лицата со попреченост;
    • Модели на поддршка на образованието на лицата со попреченост од страна на дневните центри и установите за социјална заштита;
    • Професионална рехабилитација и вработување на лицата со попреченост;
    • Улогата на НВО секторот во образованието и поддршката на лицата со попреченост.

Цели на конференцијата:

  • Вмрежување на институциите и зајакнување на комуникацијата на едукаторите, истражувачите, медицинските лица, родителите и на сите оние што се посветени на подобрување на образованието и  квалитетот на живот на лицата со попреченост; размена на искуства и сознанија и давање предлози за унапредување на образованието, дијагностиката и рехабилитацијата на лицата со попреченост; согледување на предизвиците со кои треба да се соочи Република Северна Македонија во насока на унапредување на воспитанието и образованието на лицата со попреченост.

Целни групи:

  • Стручни лица – специјални едукатори и рехабилитатори (различни профили), наставници, воспитувачи, психолози, педагози, логопеди, педијатри, психијатри, социјални работници  и др.;
  • Институции кои се занимаваат со образование, дијагностика, рехабилитација, третман и заштита на лицата со попреченост;
  • Родители на деца со попреченост;
  • Претставници од централната и локалната власт;
  • Невладини организации.

Официјален јазик на конференцијата:

  • Македонски јазик
  • Албански јазик
  • Англиски  јазик

Форми на учество:

  • Пленарно излагање
  • Усно излагање
  • Постер презентација
  • Учество без излагање

 

  Прочитај повеќе - Меѓународна научно-стручна конференција - Скопје, Октомври 2022
  Упатство за автори
  Формулар за пријавување

 

СО ПОЧИТ, 

Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија