Свечено отварање на меѓународната научно-стручна конференција
"Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи"
На 13.10.2022 година во Скопје во хотелот "Холидеј Ин", започна меѓународната научно-стручна конференција "Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи".
Во присуство на 300 учесници, конференцијата беше отворена со извадок од инклузивна танцова претстава „Ѕвонарот“ во изведба на танцовото студио Еурека.
Во продолжение следуваа поздравни обраќања од организаторите и гостите на конференцијата:
- Горан Петрушев, Претседател на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
- Наташа Станојковска Трајковска, Продекан на Филозофски факултет Скопје
- Лулзим Мехмеди, Декан на Педагошки факултет Тетово
- Ристо Петров, Претседател на Научен одбор на Конференцијата и уредник на Зборникот
- Патриција ДиЏовани, Претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија
- Синиша Ранковиќ, Претседател на Друштвото на дефектолози на Република Србија и
- Г-дин Јетон Шаќири, Министер за образование и наука во Владата на Република Северна Македонија - покровител на конференцијата
Во рамки на првиот работен ден учесниците на конференцијата имаа можност да ги проследат пленарните излагања на:
- Манфред Претис, меѓународен експерт за МКФ
- Селмир Хаџиќ, Претседател на здружението на дефектолози на Република Босна и Херцеговина
- Златко Буквиќ, Претседател на комората на едукациски рехабилитатори на Република Хрватска и други.
View the embedded image gallery online at:
https://sojuzser.org/index/mk/services/otvaranje-konf2022#sigProIdbf069fea70 |
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија