СИМПОЗИУМ НА ТЕМА:
„ЕФЕКТИ ОД РЕФОРМИТЕ ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
11-13 НОЕМВРИ, 2023 година, Охрид, Р.Северна Македонија
ИНФОРМАЦИИ ЗА СИМПОЗИУМОТ
Организатор:
-
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
Цели на симпозиумот:
-
Споделување на искуства и научени лекции од досегашните инклузивни практики;
-
Согледеување на ефектитие од спроведените реформи во инклузивното образование;
-
Препораки за подобрување на можностите за основно образование на учениците со попреченост;
-
Согледување на предизвиците со кои треба да се соочи Република Северна Македонија во насока на унапредување на воспитанието и образованието на лицата со попреченост.
Целни групи:
-
Стручни лица – специјални едукатори и рехабилитатори (различни профили), наставници, воспитувачи, психолози, педагози, логопеди, педијатри, психијатри, социјални работници и др.;
-
Институции кои се занимаваат со образование на лицата со попреченост;
-
Родители на деца со попреченост;
-
Претставници од централната и локалната власт;
-
Граѓански организации.
Официјален јазик на конференцијата:
-
Македонски јазик
Пријава за учество:
-
Со пополнување на „Формулар за пријава на учество“ кој што се презема од веб-страницата: www.sojuzser.org
-
Формуларот треба да се испрати на е-маил; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 31.10.2023 година
-
Бројот на учесници е ограничен, пријавите ќе се примаат до потполнување на бројот
Котизација:
-
Котизацијата вклучува: учество на конференцијата,сместување во хотел на база на два полупансиони, материјали, сертификат за учество, освежувањa во текот на паузите.
-
Цена на котизација со сместување во двокреветна соба 6,000.00 денари
-
Цена на котизација со сместување во еднокреветна соба 7,000.00 денари
-
Котизацијата треба да се уплати во рок од три дена по дбиена потврда за регистрација на конференцијата
Прочитај повеќе - Известување за Симпозиум Охрид 2023 | ||
Прочитај повеќе - Програма на Симпозиум | ||
Превземи - Формулар за пријавување на Симпозиум |
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија