Потпишан меморандум за соработка
![]() |
Почитувани,
На 01.02.2015 година е формирана Македонската национална коалиција на граѓански организации за унапредување и заштита на правата на лицата со аутизам на иницијатива на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во Мојот свет"
Членови на коалицијата се:
1. Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во Мојот свет",
2. Сојузот на дефектолози на Република Македонија. - Скопје ,
3. Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло" - Битола,
4. Здружението на граѓани за поддршка и промоција на пристапна информатичка технологија за лицата со хендикеп „Отворете ги прозорците".
Коалицијата е формирана за подобра заштита на лицата со аутизам и нивните права. Целта на Коалицијата е продлабочување на соработката помеѓу наведените граѓански организации за постигнување на нивните цели со:
-размена на информации, новини, искуства и стручни мислења за третман на лицата со аутизам,
-информирање и спроведување јавни дебати, трибини и кампањи за подигнување на свеста кај граѓаните за прифаќање на лицата со аутизам во сите сфери како рамноправни граѓани со останатите,
-организирање на обуки, работилници и семинари, со посебен акцент на обуката на родителите, разменување на мислења и ставови, како и стекнување на нови знаења за аутизмот,
-организирање на обуки за стручните лица, посебно за воспитувачите во градинките и наставниците во основните училишта, со единствена цел вклучување на децата со аутизам во рeдовниот образовен систем,
-организирање на активност за лицата со аутизам за да им се овозможи вклучување во процесите на интеграција во општествената средина,
Македонската национална коалиција на граѓански организации за унапредување и заштита на правата на лицата со аутизам е отворена за нови членки – организации и здруженија кои се активни во различни области за правата на лицата со аутизам.
СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
ЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:


